Врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во Скопје за 2015 година, Град Скопје денеска објави конкурс за откуп на фотографии со мотиви од градот.
Право на учество на Конкурсот имаат сите заинтересирани правни и физички лица, согласно со утврдените барања:
- Фотографиите треба да бидат со различни мотиви од подрачјето на градот Скопје, по избор на доставувачот,
- Доставените, фотографии треба да се изработени во дигитален ТИФ(TIF) формат, со висока резолуција, подготвени за печатење,
- Фотографиите не треба да бидат постари од (1) една година,
- Фотографиите не треба да се претходно објавувани во весници, каталози, списанија или да биле пријавени за учество на други конкурси,
Град Скопје за наградените фотографии ќе организира изложба во еден од своите културни центри.
За техничко-уметничките критериуми, начинот на конкурирање и други дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3297-218, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, на официјалниот портал на Град Скопје www.skopje.gov.mk.или во просториите на Град Скопје, барака бр. 6, канцеларија бр. 1 – Одделение за туризам.
– Конкурсот трае 120 дена, од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.
– Пријавите за Конкурсот кои нема да бидат доставени во наведениот рок нема да бидат разгледувани.
Адресата на која треба да се достават предлог-фотографиите е:
Град Скопје
Сектор за локален економски развој
бул. „Илинден” бр. 82, 1000 Скопје
Со назнака „За Конкурсот за најдобра фотографија“
Или лично, во Архивата на Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.