| четврток, 6 декември 2018 |

Опасна и секси, Гвинет Палтроу спасува луѓе во „Ајрон мен 3“(видео)

Актерката Гвинет Палтроу е позната по тоа што скоро секогаш глуми девојка на која ѝ е потребна помош. Но, овој пат, во новиот филм !Ајрон мен 3“ актерката доживеа целосна трансформација.

ajron men

Во новиот трајлер, Палтроу, која ја глуми хероината Пејпер Потс, облече едно од одела на Тони Старк, но овој пат таа спасува луѓе. Во трајлерот е прикажан дел каде што таа го спасува Роберт Дауни Џуниор кој паѓа во смрт.

Во книгата, Потс, откако е повредена по срушувањето на зградата, прима кибернетичка инјекција за да преживее и се трансформира во хероината Рескју. Ова е првпат Палтроу да се впушти во жестока акција.

httpv://www.youtube.com/watch?v=s20ZqOHFbC8

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top