Тројца кинески државјани, по националност Ујгри, се осудени во Џакарта на по шест години затвор, под обвинение за учество во заговор за создавање на „Исламски Калифат“ во Индонезија.
За истото дело им се суди уште на тројца Индонезијци и еден Кинез, но Судот побара Обвинителството да обезбеди повеќе докази за нивната вина.
Осудените кинески муслимани се уапсени лани во септември на островот Сулавеси, каде што патувале на средба со најбараниот исламски радикал во Индонзија, бомбашот Абу Вардах Сантосо.
Групата со која раководи Сантосо е главен организатор за испраќање на борци во редовите на Исламската држава )ИД) во Ирак и Сирија, а неговата организација Муџахедини од источна Индонезија’ се смета за одговорна за убиства на десетици припадници на антитерористичката полиција во Индонезија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.