| четврток, 6 декември 2018 |

Руски рецепт за трајно отстранување на влакненцата

Решение за несаканите влакненца на вашето тело постои, а тајната се крие во овој стар руски рецепт. Кога ќе почне да се применува оваа смеса, влакната во првиот момент ќе почнат да стануваат потенки, па да се проретчуваат и на крај засекогаш ќе ги снема.

 За да си го подготвите сами потребни ви се следниве состојки:

Неколку лушпи од ореви (не се однесува на зелената кора, туку на тврдата школка) и вода.

Подготовка: Школката мора да биде сосема сува. Се пали за да изгори. Во пепелта додадете  вода колку што е потребно да се добие кремаста текстура како паста.

Оставете го да отстои 12 часа.

Примена: Нанесете ја смесата на делот од телото кадешто сакате да ги отстраните влакната.

Оставете го да отстои ако имате време (најдобро е половина час), а потоа исплакнете.

Третманот се повторува три пати на ден се до појавата на првите резултати, а потоа се продолжува еднаш на ден, додека влакната не престанат целосно да растат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top