| четврток, 6 декември 2018 |

Грција доби здив

Лидерот на грчката најголема опозициска партија Евангелос Мимаракис во пишана изјава истакна дека „за жал во последна минута земјата имала избор меѓу договор или не постигнување договор што ќе водело до целосна катастрофа“.

grcija

– Со договорот Грција доби здив со цел со сериозност и одговорност да се обиде да го најде нејзиното место во Европа, истакна Мимаракис.

Политичкиот совет на НД денеска ќе заседава за да направи прва проценка на мерките договорени меѓу Владата и нејзините партнери, за да одлучи за ставот на партијата во Парламентот.

Според првични информации, Нова демократија ќе гласа за договорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top