| четврток, 6 декември 2018 |

Авиокомпанијата „Рајан ер“ планира да го поврзе Скопје

­ По успехот со воведувањето субвенционирани летови преку нискобуџетната унгарска компанија „Визер“ од аеродромите во Скопје и во Охрид, доаѓа најава дека и „Рајан ер“, водечката европска и светска авио­компанија, ќе ја стави Македонија на својата мапа. ­

FILE IRELAND RYANAIR EARNINGS

 

– Водиме разговори со македонската Влада за воведување летови до Скопје – изјавил Робин Киели, директор на одделението за односи со јавноста на „Рајан ер“, за „Екс ­Ју Авијација“, веб-страница специјализирана за следење на вестите од авиосообраќајот на Балканот.

Рајан Ер е најголема авиокомпанија во Европа и најголема компанија според бројот на пренесени патници во светот и беше пионер во воведувањето евтини авионски летови, првин меѓу помалку користените аеродроми во Европа, а денес поврзува 30 европски држави. Според веста, Рајан Ер разговарал со македонските власти за воведување поголем број летови од Скопје, кои, слично како во договорот со Виз Ер, би биле субвенционирани од Владата.

Во веста се наведува дека аеродромот Александар Велики во Скопје забрзано станува главен центар за нискобуџетните авиокомпании во регионот и особено се очекува да доживее подем во текот на јули, со воведувањето на новите пет линии на Виз Ер. Во веста се проценува дека скопскиот аеродром ќе го повтори успехот од минатата година, кога имаше пораст на бројот на патниците за 22 проценти, и годинава ќе забележи пораст од дури 25 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top