| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто доматите не треба да ги чувате во фрижидер?

домати

Повеќето луѓе по купувањето на домати, по навика ги сместуваат во некоја од фиоките во фрижидерот за да им се зачува свежината.

 

Но, сега научниците и нутриционистите тврдат дека реалноста е целосно спротивна.

Тие со бројни истражувања докажаа дека ако доматите ги чувате во фрижидер, многу побрзо ќе станат меки и ќе загубат дел од хранливите состојки, а неговата арома ќе ослаби.

Доматот расте во топла клима, а неговото складирање на ниска температура доведува до хемиски промени кои предизвикуваат распаѓање на клетките.

Тоа се случува на секоја температура пониска од 10 степени, а бидејќи температурата во фрижидерите обично е од 2 до 6 степени, ова посебно важи за нив.

Ако сте купиле веќе мек и презреан домат, само тогаш можете да го сместите во ладилникот. Во спротивно, чувајте ги во гајба или хартиена кеса на некоја полица на собна температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top