| четврток, 6 декември 2018 |

Уништетни илјадници стебла марихуана во Албанија

Албанската полиција продолжува со уништувањето на насадените стабла на дрога марихуана од типот канабис сатива.

Според албанското МВР, на повеќе локации во земјата само во последните десетина дена се откриени и унишретини над 20.000 стабла дрога.

Последната акција е спроведена во Круја каде се откриени и уништени садници со дрога на 40 лоакции при што се уништени 3.985 стабла со канабис сатива.

Во акциите за уништување на дрогата се притворени најмалку 10 лица, за кои се собираат докази за поврзаност со садење дрога.

Инаку, пред повеќе месеци со помош на италијанската полиција, албанското МВР ги утврди локациите каде се одгладува дрогата. Ја има како во делови од северна Албанија, така и во делови на јужна Албанија.

Пред повеќе месеци, со една голема акција албанската полиција ја уништи најголемата локација на огладување на дрога во селото Лазарат во јужна Албанија, но сепак повремено во оваа село во близина на Ѓироксаро се јавуваат огледувачи на дрога.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top