Лидерите на еврозоната во Брисел разговарале цела ноќ во настојувањето да се сложат околу условите за новата програма за помош на Грција. Според извештаите на странските медиуми, повеќе од 20 часа се преговара за нацрт компромисниот договор што е на маса, но се ушта нема детали за неговата содржина.
Ако не се постигне договор за новиот договор, грчките банки ќе бидат соочени со можен колапс и земјата може да излезе од еврозоната, јавува Би Би Си.
Извор од грчката влада синоќа во Брисел изјавил дека предлогот на министрите за финансии на еврозоната со новите тешки услови за Грција е „многу лош“, но Атина се обидува да најде решение за надминување на кризата.
– Текстот во целина е многу лош. Се обидуваме да најдеме решенија, рекол изворот.
Британски Гардијан пренесува дека грчки дипломат рекол дека Атина ги одбила двата најспорни документи од предлогот – ставање на имот во вредност од 50 милијарди евра во фонд со кој би располагала ЕУ и излез на Грција од еврозоната.
Според Гардијан, на маса во Брисел е документ од четири страници кој потврдува дека на Грција ќе и биде понудено привремено излегување од еврозоната ако не ги прифати условите на кредиторите.
Во документот се наоѓа долга листа на услови за Грција, од кои Атина веќе исполнила голем дел, со два можни заклучоци.
Првиот заклучот е одобрување на помош од еврозоната, додека другиот се однесува во случај ако не дојде до договор.
– Во тој случај, на Грција треба да и се понудат итни преговори за „тајмаут“ од еврозоната, со можност за реструктуирање на долгот“, се наведува во документот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


