
Се урна мостот што ги поврзува селата Просениково и Сарај меѓу општина Струмица и Босилово, јави струмичката телевизија „Вис“.
Патот попуштил ноќеска под напливот на вода за која жителите претпоставуваат дека е од браната Турија.
И од Центарот за управување со кризи велат дека водата е од браната, таму регуларно се испштаат по 4 кубни метри, но, поради преполнетост, можно е да се прелеало дополнително количество вода.
Надлежните велат дека нема место за паника, ситуацијата е под контрола, а се намалува и нивото на вода во браната. Жителите ги користат околните патишта за да стигнат до градот или до нивите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


