| четврток, 6 декември 2018 |

Јапонија: Грозд продаден за 7.500 евра

грозд
Грозд од една јапонска сорта грозје е продаден за рекордни еден милион јени или 7.460 евра, што е 287 евра по зрно.Гроздот со 26 црвени зрна е продаден на првата овогодишна лицитација на грозје во градот Каназави со што е соборен минатогодишниот рекорд од 550.000 јени. Секое зрно е со големина на пинг-понг топче и тешко повеќе од 20 грама.

Победникот на аукцијата Масауки Хираи, кој е главен готвач на хотелот „Нико Каназава“, изјави дека гроздот го купил со цел да го привлече вниманието кон хотелот и регионот.

Годинава, исто така, две дињи од сортата Јубари од островот Хокаида, во северниот дел на Јапонија, кои важат за симбол на висок социјален статус, се продадени за 1,5 милион јени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top