| четврток, 6 декември 2018 |

Министрите од еврозоната бараат брза акција и повеќе мерки од Грција

грција
Партнерите на Грција од еврозоната побараа веднаш да се гласа за итни акции кои земјата треба да ги преземе, да усвои дополнителни мерки и да додаде повеќе детали во предлозите, пишува „Катимерини“ повикувајќи се на свои извори во врска со вчерашниот состанок на Еврогрупата.Грчкиот министер за финансии Еуклид Цакалотос наишол на скептицизам кај некои од неговите колеги, кои изразиле загриженост за тоа дали на Владата може да и се верува дека ќе ги спроведе мерките кои се потребни за третата финансиска помош.

Претставник на европските институции изјавил дека дискусијата била фокусирана на тригодишна програма во вредност од повеќе од 80 милијарди евра.

Голем број држави изразиле желба и став дека Меѓународниот монетарен фонд треба да биде дел од секоја нова програма и оти грчката Влада веднаш треба да почне да ги претвара мерките во закони.

Според други извори, претседателот на Европската централна банка Марио Драги изразил загриженост за системски ризик кој ќе биде предизвикан од страна на Грција ако не плати обврзници од 3,7 милијарди евра што ги има ЕЦБ, долг кој ќе доспее на 20 јули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top