| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе биде исклучена од еврозоната на пет години?

merkel-tsipras-hollande

Германското министерство за финансии не верува дека последните предлози на грчката влада за реформи за надминување на должничката криза може значително да ја промени ситуацијата во оваа земја. Ако Атина не ги измени на подобро своите предлози, ќе ѝ биде предложено да ја напушти еврозоната на одреден период, објави интернет изданието на германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

– Во тие предлози отсуствуваат важните аспекти на реформите, кои треба да придонесат кон модернизација на земјата, долгорочен економски раст и одржлив развој – се наведува во документот на министерството за финансии на Германија, чии извадоци цитира весникот.

Весникот натаму предвидува две можни сценарија, според неговите соговорници, коишто ги дозволува германското министерство. Имено Грција да го коригира својот предлог, а во спротивно Атина ќе ги започне преговорите со привремено, најмалку на пет години, исклучување од европската монетарна унија. Во текот на тој период Грција треба да се справи со своите должнички обврски, и доколку има успех во тора, да биде вратена во еврозоната, појаснува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top