| четврток, 6 декември 2018 |

Банкарот на Путин украл 900 милиони евра и тврди дека не е виновен!

Сергеј Пугачов (52) е тајкун кој е роден во Русија, а со години живее во Лондон. Моментно се товари дека украл повеќе од 900 милиони евра од банката „Мезпромбанк“ која ја основал во Москва.

Sergej-Pugacov-Vladimir-Putin-620x350

Нему судот му забрани да ја напушти Велика Британија, но тој моментно е во Франција.

Зад петите му е и руската Агенција за осигурување депозити, а неговиот имот кој се проценува на 1,8 милијарди евра привремено е замрзнат.

Тој тврди дека е жртва на политички прогон и дека животно е загрозен поради хајката која ја покренал рускиот претседател Владимир Путин.

Тоа го потврдила и неговата љубовница Александра Толстој.

– Сергеј со Путин беа во добри односи до 2010 година, а тогаш Путин се обиде незаконски да го препише неговиот имот на државата. Оттогаш се плашиме за нашите живот – изјави актерката која живее во Лондон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top