Кевин Гарнет има понуда за нов двегодишен договор со Минесота тимбервулфс, а ако најавите се реализираат, крилниот центар ќе се запише во историјата како кошаркар што инкасирал најмногу пари од трансфери.
Минесота му нуди 16 милиони долари за две сезони, а потписот е на праг, со што Гарнет вкупно досега само од договори со клубовите каде настапувал ќе има ќар од 343,4 милиони долари. И интересно е што никогаш според годишната плата не бил во топ-10 најплатени кошаркари во една сезона во НБА лигата.
Гарнет е долговечен идната сезона ќе му биде 21. во најсилната кошаркарска лига на планетата, а стана и еден од најдобрите во историјата на НБА.
Има еден НБА прстен од 2008 година кога со Бостон селтикс ја освои шампионската титула, а ги држи речиси сите позначајни рекорди на Минесота тимбервулфс. Со селекцијата на САД има и олимписко злато од Игрите во 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.