Гигантот за спортска опрема, Адидас, преку својот менаџмент навива за Мишел Платини како замена за Сеп Блатер на челната функција на ФИФА.
Извршниот директор на Адидас, Херберт Хајнер во изјава за „Билд“ вели дека Платини е идеално решение за прв човек на ФИФА.
„За нас Платини е идеално решение. Мишел покажа дека може умешно да се справи со беспрекорна организација на големи натпреварувања. Во Европа се најдобрите клубови на планетата, а Платини беспрекорно ја развива Лигата на шампионите“, вели Хајнер.
Адидас е мошне значајна алка во светскиот фудбал и еден од главните спонзори на натпреварите под капата на ФИФА, па мислењето на еден од главните луѓе на германскиот спортски концерн може да биде моѓне значајно при изборот на нов прв човек на ФИФА.
Хајнер смета дека Платини е најдоброто решение, а како замена за него во УЕФА го предлага Волфганг Нирсбах, моментно на функцијата претстедател на германската фудбалски сојуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.