Тројца малолетници на возраст од 11, 13 и 16 години преживеале вистинска драма откако повеќе маскирани разбојници им влегле во куќата додека биле сами.
Инцидентот се случил вчера околу 13:30 часот на улицата „Дижонска“, додека сопственикот бил отсутен од куќата, разбојниците влегле во куќата, по што две од децата ги врзале во дневната соба, а едното дете се заклучило во бањата.
Маскираните лица извршиле пребарување по собите, а откако не пронашле пари, ги вклучил ринглите од електричниот шпорет и ја напуштиле куќата.
Откако заминале, детето кое се заклучило во бањата излегло и ги одврзало двете деца во дневната соба.
Полицијата извршила увид на лице место и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



