| четврток, 6 декември 2018 |

Од дом за сирачиња до пистата на модната недела во Њујорк

Фјор Мендез до пред два месеца била сираче во Доминиканска Република. Кога станала премногу возрасна за домот, откако навршила 21 година, нејзината судбина била неизвесна, но, замислете, сега се појави на модната недела во Њујорк.

NYFW-model

Првата нејзина ревија е за Назингу Најт, креаторка од Карибите.

–  Ме преплавија емоции, ова е сон. Никогаш не сум можела ни да си замислам вакво нешто – изјавила убавата Доминиканка.

orphanagemodel1

Фјор била оставена од мајка си во Дом за сираци кога имала 13 години затоа што мајката не можела да се грижи за своите деца. Таа е меѓу ретките што останале присебни во домот и не почнала да се занимава со проституција.

Кога навршила 21 година и морала да се осамостои, нејзина добра пријателка се понудила да ја одведе во Њујорк за да го научи англискиот јазик. Таму била забележана од модните агенти и ја добила својата прва работа и тоа не каде било туку на модната недела во Њујорк.

sudbina-siraceto-na-modnata-nedela-vo-njujork-2

Фјор немала никакви контакти со семејството откако била оставена во домот.

Понекогаш судбината, навистина, знае да им се насмевне на тие што заслужуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top