| четврток, 6 декември 2018 |

Викторија Нуланд од утре во обиколка на земјите од Западен Балкан

нуланд

Помошникот на државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, од утре до 14 јули ќе претстојува во посета на земјите од Западен Балкан.

Според  првичниот план на Нуланд, која се смета за „десна рака“ на американскиот државен секретар, Џон Кери, ќе ги посети Македонија, Црна Гора, Косово, Србија и Албанија, каде што ќе се сретне со државните раководители, лидерите на најголемите партии и претставници на невладини организации.

Посетата на Нуланд ќе започне од хрватскиот град Дубровник, каде што ќе учествува на тридневната меѓународна конференција за развој и предизвиците на глобализацијата.

Таа утре ќе ѝ се приклучи на американската делегација за одбележување на 20-годишнината од масакрот во босанскиот град Сребреница, а за време на својот претстој во БиХ ќе разговара со претставници на босанската влада и на политичките партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top