И четвртата сезона на светскиот хит „Игра на тронови“ (Game of Thrones) ќе се снима во Дубровник, а овојпат екипата ќе остане во Хрватска дури два месеца, потврди главната продуцентка на серијата, Берни Кофилд. Покрај Дубровник, ќе се снима и на други локации, кои сѐ уште се разгледуваат, четвртата сезона ќе го достигне и рекордниот број на актери бидејќи за потребите на серијата се потребни повеќе од 400 статисти. Главните локации на снимање во третата сезона на „Игра на тронови“ беа во Ирска, но делови се снимаа и во Дубровник, па затоа дубровчани први имаа чест да ја погледнат првата епизода, три дена пред светската премиера на новата сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


