| четврток, 6 декември 2018 |

Турција нема да може да се справи со новиот бран бегалци

Турција нема да се справи со новиот бран бегалци од Сирија и многу од нив, најверојатно, ќе се обидат да стигнат до Европа, изјави денеска турскиот министер за Европска унија, Волкан Бозкар.

brodMigranti1

– Турција го достигна целиот капацитет за бегалци. Сега се зборува дека може да се појави нов бран бегалци. Тоа ќе биде над турскиот капацитет и ќе ја соочи Европска унија со нови имигранти – посочи Бозкар.

Во Турција има приближно два милиони бегалци од Сирија. Околу 278.000 од нов се во 25 бегалски кампови, лоцирани во близина на границата со Сирија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top