Случувањата во Грција засега немаат големо влијание врз платниот промет на македонските компании, сметаат компаниите членки на Сојузот на стопанските комори (ССК). Но, тоа не значи, велат, дека и во наредниот период ќе биде така.
– Нормално е сите држави со кои граничиме да имаат одредено влијание, но бидејќи кризата во Грција не е прелеана кај нас, сѐ уште не ги чувствуваме ефектите и проблемите кои тие ги имаат – изјави претседателката на ССК, Данела Арсовска, по денешната деловна средба со унгарската делегација предводена од државниот секретар за економска дипломатија во Министерството за надворешни работи на Унгарија, Левент Маѓар.
Според неа, стопанството може да се надева дека економската ситуација ќе биде подобра и оти нема да има влошување, потенцира Арсовска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција