Шангајската организација за соработка (СЦО) почнува нова етапа на развој, откако почна процедурата за прием на нови членки – Индија и Пакистан, изјави рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС.
Путин посочи и дека лидерите на земјите-членки на СЦО се договориле Белорусија да стане земја-набљудувач.
– Азербејџан, Ерменија, Камбоџа и Непал им се приклучуваат на семејството на СЦО како партнери во дијалогот – наведе рускиот претседател, додавајќи оти „низа земји пројавија интерес за вклучување под една или друга форма во Организацијата“.
Путин посочи и дека еден од основните приоритети на СЦО е гарантирањето на безбедноста и по надворешните граници на Организацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.