Претставата „Пипи Долгиот Чорап“ вечерва, со почеток во 19 часот, премиерно ќе биде изведена на сцената на Театарот за деца и младинци во Скопје. Текстот е работен по приказната на шведската писателка Астрид Линдгрен, а адаптацијата ја сработи драматургот Бојан Трифуновски. Во главната улога ќе настапи актерката Соња Стамболџиоска, а како режисер се појавува Драгана Милошевски-Попова.
Во оваа претстава настапува целата екипа на театарот: Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Предраг Павловски, Татјана Павловска-Кочовска, Мики Анчевски, Бојан Кирковски, Владимир Лазовски, Марија Ѓорѓијовска, како и директорот на театарот Драган Довлев.
Сценографијата ја изработи Кирил Василев, а костимите Марија Пупучевска. Кореограф е Симона Спировска, а музиката е на Маријан Неќак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Театар за деца и младинци ќе го прави првиот македонски мјузикл за деца
-
Кренаре Невзати- Кери го постави Шекспир за деца во Театарот за деца и младинци
-
Театар за деца и младинци ја подготвува претставата „Сонот на Вилијам“ посветена на Иван Ивановски (фотогалерија)
-
Стотта изведба на „Цветната улица” на Театарот за деца и младинци