| четврток, 6 декември 2018 |

Спортскиот суд во Лозана ѝ додели службена победа на Албанија

Судот за спортска арбитража во Лозана ја смени одлуката на УЕФА во врска со прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија во случајот „Дрон“.
УЕФА најпрвин го регистрираше натпреварот со службен резултат од 3-0 за Србија и ѝ додели три бода, но подоцна ја казни исто така со три поради лошата организација.
Албанските медиуми денеска тврдат дека судот во Лозана пресудил во корист на Албанија ќе и бидат доделени три бода од тој натпревар и со тоа остануваат во трката за едно од двете места кои водат на ЕП 2016 година.

Судот во Лозана ја образложи оваа одлука со образложението дека неговата комисија на оснос на поднесените докази неможела да утврди дали главниот судија на натпреварот им дал јасна и директна наредба на фудбалерите на Албанија да се вратат на теренот и дека безбедносната состојба на стадионот е осигурана.

Затоа судот утврди дека одговорноста за неодигрувањето на мечот ја сноси фудбалскиот сојуз на Србија, а не фудбалскиот сојуз на Албанија (ФСА) и затоа Албанија ги добива трите бода со службен резултат 3-0.

Судот за спортска арбитража ја потврди одлуката на УЕФА дека за управувањето на дронот е крив ФСА и останува на сила казната од 100.000 евра.

Истотака е потврдена и втората казна за Србија, одземањето три бода, играње на два натпревара без публика и парична казна од 100.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top