Култниот американски бенд „Свонс“ в недела, на 12 јули во Скопје, во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе одржи концерт. Концертот е по повод 40. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ).
Култниот американски состав во рамките на својата европска турнеја ќе го посети и Скопје, како единствен град во поширокиот регион. Скопје е на списокот европски градови што ќе бидат допрени од магијата на „Свонс“, заедно со: Дортмунд, Архус, Берген, Осло, Трондхајм, Малме, Лиеж, Лондон, Бристол, Ливерпул, Глазгов, Белфаст, Даблин, Париз, Киев…
Нивното прво албумско остварување Filth, и по 30 и повеќе години продолжува да фасцинира буквално сè што било и е прогресивно во онаа бескомпромисно креативна струја во рок музиката, а т.н. среден период на групата – до opus magnum-от Children of God – со Jarboe, култната вокалистка и долгогодишна партнерка на Џира, е извор на инспирација на уште поширок круг на безброј есенцијални изведувачи од средината на 1980-те па натаму.
Последните два албуми, The Seer (2012) и To Be Kind (2014), се несомнен триумф во намерата да се транспонира ритуалната еуфорија при концертната манифестација на култниот феномен „Свонс“.
Билетите се по цена од 500 денари, само на билетарницата на МКЦ,
На денот на концертот, цената на билетите ќе биде 700 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.