Најдобриот кошаркар на денешницата Леброн Џејмс е подготвен да потпише нов двегодишен договор со неговиот досегашен тим Кливленд кавалирс.
Тој пред десетина дена обелодени дека ќе ја искористи калузулата во договорот за предвремен раскин на соработката. Тоа предизвика бура во редовите на Кливленд, кој веднаш подготви нов договор за Кралот кој го обврзува да oстане во клубот уште две години.
– Агентот на Џејмс, Крис Пол, ги известил челниците на Кливленд дека Леброн Џејмс ќе потпише на две години, првата сезона за плата од 22,97 милиони долари, втората за плата од 24 милиони долари. Воедно, има опција тој следното лето повторно да ги разгледа условите на пазарот и да ја активира клаузулата за предвремен раскин на договорот – јавија американските медиуми.
Откако претходно и Кевин Лав се согласи на потпишување нов договор со Кливленд, јасно е дека овој тим предводен од одличното трио Џејмс – Ирвинг – Лав догодина повторно ќе атакува на шампионскиот прстен откако изминатава сезона заврши во финалето против Голден стејт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Хаос во НБА: Се степаа ѕвездите на Лејкерси и Хјустон! (Видео)