Ако сакате да поттикнете позитивна енергија како во својот живот, така и на полето на финансиите, ви предлагаме да купите паричник во една од петте фенг шуи бои. Не е важно дали повеќе ви се допаѓа паричникот во зелена или црна боја, важно е дека треба да направите избор според малку поинаков начин.
Проверете кој елемент сте го добиле според датумот на вашето раѓање, на пример во 2015 година владее Дрвената Коза и за сите родени во оваа година главен елемент е Дрвото.
Всушност во кинеската астрологија годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12 животни: Глушец, Вол, Тигар, Зајак, Змеј, Змија, Коњ, Коза, Мајмун, Петел, Куче и Свиња.
Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со Јанг Дрвен Глушец и завршува со Јин Водена Свиња. Годината која завршува со парен број е “јанг”, а со непарен е “јин”. Овој циклус тече на овој начин:
● Ако годината заршува со 0 тоа е јанг метал.
● Ако годината заршува со 1 тоа е јин метал.
● Ако годината заршува со 2 тоа е јанг вода.
● Ако годината заршува со 3 тоа е јин вода.
● Ако годината заршува со 4 тоа е јанг дрво.
● Ако годината заршува со 5 тоа е јин дрво.
● Ако годината заршува со 6 тоа е јанг оган.
● Ако годината заршува со 7 тоа е јин оган.
● Ако годината заршува со 8 тоа е јанг земја.
● Ако годината заршува со 9 тоа е јин земја.
Потоа прочитајте кој од овие паричници ќе ви донесе поповолна финансиска состојба.
Црвената боја е позната по тоа што привлекува богатство и изобилие во животот. Оваа боја претставува огнен елемент. Привлекува позитивна енергија и богатство, а во рекордно кус рок ги уништува лошите и негативни вибрации. Црвениот паричник е најдобар избор за личностите кои се родени во елементи на Огнот и Земјата, додека послабо дејство ќе имаат на Водата и Металот.
Темносин паричник
Сината боја е воден елемент кој според фенг шуи е симбол на изобилие. Таа е одличен избор за боја на паричник. Меѓутоа, бидете внимателни и размислете дали таа се совпаѓа со вашата енергија. На пример, ако вашиот елемент е Оган или Метал, сината боја нема да биде добар избор. Но, ако вашиот елемент е Дрво или Вода, во тој случај синиот паричник е одличен избор.
Црн паричник
Црната боја е исто така поврзана со водените елементи, па е одличен избор за личностите родени во елемент на Дрво или Вода според кинескиот хороскоп.
Кафен паричник
После црната, кафената боја е една од најпопуларните бои при изборот на паричник благодарение на својата убава текстура и различните модели изработени од кожа. Кафената е земјен елемент, па нема да биде добар избор за личностите кои се родени во знакот на Оган или Вода. Меѓутоа, на личностите кои се родени во знакот на Земја или Метал може да им донесе вистинско богатство.
Зелен паричник
Зелената боја е земјен фенг шуи елемент кој е одличен избор ако сакате нов и свеж почеток без оглед на тоа какво било вашето минато. Таа е одличен избор за личностите кои се родени во елементи на Дрво и Оган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.