| четврток, 6 декември 2018 |

Браќа-близнаци од Албанија ограбиле над 100 дома во Италија

Einbrecher an einem Fenster

Италијанската полиција, во рамките на акцијата насловена „Близнаци“, ги уапси 31-годишните браќа-близнаци по потекло од Албанија, Едмонд и Едуард Труши, кои подолг период вршеле грабежи во повеќе градови во централна и во северна Италија.

Во повеќе од 100 куќи и луксузни вили тие влегувале додека сопствениците спиеле или не биле дома, со помош на софистицирани уреди кои не прдизвикуваат звук.

Полицијата им влегла во трага на 28 октомври минатта година, кога при кражба еден од браќата бил ранет, но не успеала да ги уапси иако го идентификувала врз основа на трагите од крв.

Во последната акција во нивниот стан бил уаспен Едуард, додека Едмонд успеал да побегне со автомобил „форд мустанг“, но по 24 часа и тој бил уапсен.

Во акцијата се запленети два луксузни автомобили, 24.000 евра, пет рачни часовници „ролекс“ и златен и дијамантски накит во вредност од 300 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top