Британската полиција покрена обвинение против 16-годишно девојче од Манчестер за вклученост во подготовка на терористички акт од страна на радикални исламисти, јави ТАСС.
Осомниченото девојче, чие име не се соопштува, треба да се јави на 22 јули пред суд во Лондон. Истражните активности против девојчето почнаа на 3 април откако полицијата изврши претрес во нејзиниот дом во манчестерскиот кварт Лонгсајт, каде што живее голема заедница на имигранти од Пакистан и од Бангладеш.
При претресот се откриени материјали што може да бидат употребени за подготовка на терористички акт.
Девојчето било откриено во рамки на полициска истрага против 14-годишно момче од Блекбурн, што беше уапсено на 3 април под сомнение за поттикнување на извршување терористички напади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уапсена тинејџерка бидејќи објавила снимка како танцува
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад



