| четврток, 6 декември 2018 |

Во охридските кафулиња ќе патролираат полицајци и родители

22042015164657ohrid-refleksijaПолициски службеници и родители вечер ќе патролираат низ угостителските објекти во Охрид во рамки на проектот „Мешани патроли“.

СВР Охрид соопшти дека заедно со родителите кои доброволно се пријавиле да учествуваат во патролата, покрај полициските службеници ќе има и претставници на локалната самоуправа, основните и средните училишта, училишните одбори, претседатели на урбани заедници, советот на родители од образовните институции, заинтересирани граѓани и медиуми.

– Тоа е можност родителите да видат каде и во какви услови младите се забавуваат, кои угостителски објекти најчесто ги посетуваат, да разбијат одредени табуа во однос на проблематични состојби и во најдиректен разговор со угостителите и полициските службеници да добијат изворни информации каков е амбиенот во локалот, што е карактеристочно за тој локал, кои се проблемите со кои се соочуваат и локалите и младите – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top