| четврток, 6 декември 2018 |

Пукна гипсот во Молдавија, Ренова со нов пораз се прости од Европа

Македонскиот претставник во квалификациите за Европа Лигата, Ренова, претрпе нов пораз од Дачија, овојпат во Кишињев со 1-4 и со вкупен резултат од 1-5 испадна веднаш на стартот.

Патешествието од над илјада километри си го зеде данокот, а Дачија најави нова победа со голот на Кочиук во деветтата минута. Ренова израмни во првиот дел со голот на Емини и тоа беше се што сторија гостите од Македонија во Кишињев.

Во вториот дел со головите на Јардан, Павлов и Лозовиј, Дачија славеше убедливо со 4-1 и ќе игра против англискиот премиерлигаш Вест Хем.

renova-1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top