Проектот го најавија актуелните градоначалници на Скопје и на Центар и кандидати на владејачката партија за истите функции, Коце Трајановски и Владимир Тодоровиќ.
– При реконструкцијата и проширувањето, од две ленти ќе се направат четири, со нови тротоари, ново улично осветлување. Ќе биде заменета постојната водоводна и атмосферска канализација. На овој начин ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел на Град Скопје – рече Трајановски.
Подобрувањето на сообраќајот во централното градско подрачје останува приоритет и за градоначалникот на Центар.
– Подготвени сме да дадеме силна поддршка за реализација на овој проект. Се надевам дека нејзината реализација ќе почне брзо, веднаш по изборите – рече Тодоровиќ.
Предвидено е оваа реконструкција да чини околу 60 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.