| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Заев и СДСМ ѝ прават директна штета на економијата, што го констатираше и ММФ

gruevski-izjavi500

Заев  и СДСМ ѝ прават директна штета на економијата, а тоа го констатираше и ММФ  и ја намали проекцијата за планираниот раст на Македонија за годинава од 3,8 на 3,4 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.

– Од она што го видов од извештајот на ММФ, главната забелешка е зошто се зголемени платите на полицајците. Меѓутоа, нотирано е и дека со подобрената бизнис клима од страна на Владата се овозможени повеќе инвестиции, отворање многу нови работни места и зголемен извоз. Исто така, нотирано е дека политичката криза веќе влијае на економијата и од тие причини проекцијата на ММФ е намалена од 3,8 на 3,4  за оваа година – рече Груевски нагласувајќи дека ММФ веќе констатира дека тоа што го прават Зоран Заев и СДСМ влијае на економијата поради што нема да има таков раст како што претходно се очекуваше.

Растот на економијата, како што рече, сѐ уште се очекува да биде висок, но не толку колку што претходно се очекуваше.

– Практично Заев и СДСМ со ова што го прават прават директна штета на сите граѓани на Република Македонија во делот на економијата – нагласи Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top