Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ со својот нов клуб Фенребахче ги доби противниците во првата групна фаза од новата Евролига за сезоната 2015/2016 по ждрепката одржана денеска.
Фенребахче како втор носител го доби европскиот шампион Реал Мадрид, Црвена звезда, Химки, Баерн Минхен и Стразбур, кои ждребот одреди да бидат дел од групата А.
Со тоа миленикот на белградската публика и на „Делии“ повторно ќе заигра во Белград, но во дресот на Фенербахче.
Натурализираниот Македонец, Ричард Хендрикс, кој ќе го носи дресот на Локомотив, ќе има можност да игра против Барселона, Панатинаикос, Жалгирис, Пинар Каршијака и Зиелона Гора.
ГРУПА А: Реал Мадрид, Фенербахче, Химки, Црвена звезда, Баерн Минхен, Стразбур
ГРУПА Б: Олимпијакос, Анадолу Ефес, Лаборал Куча, Армани Милано, Цедевита, Лимож
ГРУПА Ц: Барселона, Панатинаикос, Локомотив Кубан, Жалгирис, Пинар Каршијака, Зиелона Гора
ГРУПА Д: ЦСКА, Макаби, Уникаха, Бросе Баскетс, Дарушафака, Динамо Сасари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.