| четврток, 6 декември 2018 |

Пријател му оставил 5 килограми марихуана на чување

marihuana svr skopje 28.03.2013

При претрес во куќа на скопјанец, полицијата нашла речиси пет килограми марихуана, за кои скопјанецот тврдел дека се оставени на чување од негов пријател. Името на пријателот не го кажал.

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, соопшти МВР, до надлежното ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за А.З. (41) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори по член 215 од Казнениот законик на РМ.

При реализацијата на случајот се пронајдени и одземени вкупно 4,9 килограми наркотична дрога марихуана. Од страна на истражен судија на пријавениот му е одреден притвор во траење од 15 дена.

Вчера заради расчистување на кривични дела од областа на имотните деликти, како и обезбедување материјални докази од страна на СВР Скопје – Одделението за имотни деликти, од страна на припадници на Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје и EБK Алфа е извршен претрес во домот на А.З. во Скопје.

При претресот е пронајдена патна торба со 5 пакувања облепени со селотејп лента со тежина од речиси пет килограми и една најлон кесичка со 8,36 грама наркотична дрога марихуана, по што А.З. е приведен во службените простории на СВР Скопје ККИ -ЕНТДО.

Во извршениот разговор А.З. појаснил дека пред неколку дена торбата со марихуана му ја донесол негов другар за да му ја причува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top