| четврток, 6 декември 2018 |

Во судирите во Алепо загинаа 19 цивили

алепо

Деветнаесет цивили, меѓу кои пет деца и една бремена жена, се убиени синоќа при бомбардирање на сириската армија и на бунтовниците во Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

– Најмалку 15 цивили, меѓу кои четири деца и една бремена жена, се убиени откако воената авијација фрли буре со експлозив врз една зграда во Алепо. Бурето експлодира за време на ифтар – изјави директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Во западниот дел на Алепо загинаа четворица цивили, а 20 се повредени при ракетен напад на бунтовниците врз квартот Мидана, кој е под контрола на режимските сили на Башар ал Асад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top