Има ли надеж за Ренова во реваншот против Дачија во Кишињев по неверојатното патешествие од 24 часа со автобус. Над илјада километри патуваа популарните „гипсари“ од Македонија до Молдавија, а патем наидоа и на потсмев од тренерот на Дачија, Игор Добровољски.
Поранешниот познат руски фудбалер не им го знаеше името на противниците од Македонија на прес-конференцијата пред денешниот реванш.
– Како им беше името? Не знам. Некако како компјутерите, Леново, или така нешто – одговори Добровољски на новинарско прашање.
Иако се преморени од долгиот пат со автобус, фудбалерите на Ренова се оптимисти дека можат да ја анулираат негативата од 0-1 од првиот меч. Реваншот се игра од 17 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.