Марк Гасол потпиша нов договор со Мемфис гризлис и во следните пет години ќе заработи неверојатни 110 милиони долари. Тоа ќе го направи најплатениот шпански кошаркар во историјата на кошарката. Патем помладиот од браќата Гасол со мегадоговорот ќе се запише на топ-10 листата со најплатени кошаркари во следната сезона во НБА.
– Среќен сум што и натаму ќе го носам дресот на Мемфис гризлис. Верувам дека можеме да направиме големи нешта во наредниот период – изјави Марк Гасол.
Еден од најдобрите центри на планетата го откажа настапот за шпанската кошаркарска репрезентација на претстојното Европско првенство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



