| четврток, 6 декември 2018 |

Иран и обезбеди кредит од една милијарда долари на Сирија

 сир
 Сирискиот претседател Башар ал Асад потпиша закон со кој се одобрува земањето на новиот кредит од една милијарда долари од главниот регионален сојузник Иран, јави сириската новинска агенција САНА.

Договорот за кредитирање е меѓу двете државни банки – Сириската комерцијална банка и Извозната развојна банка на Иран.

САНА во вторникот јави дека договорот е потпишан на 19 мај и оти е одобрен од сирискиот Парламент.

Парите ќе бидат искористени за финансирање на стоки и услуги и имплементација на проекти, наведува САНА, без да наведе други детали

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top