Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло, особено во првата половина од денот. Во попладневните часови ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер кои ќе бидат повеќе застапени во западните и северните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а дневната од 33 до 39 степени.
Во Скопје слично време, претпладне сончево и многу топло. Попладне ќе настапи преодно зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 35 степени.
УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во петок претпладне ќе преовладува облачно време со сончеви периоди кога се уште ќе има локални врнежи од дожд со појава на ретки грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе услови опаѓање на температурата која ќе се движи помеѓу 28 и 35 степени.
Од сабота следува период на стабилно време со благ пораст на дневната температура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.