Запрашана за реакција по прес – конференцијата на Зоран Заев во која тој најави дека преговорите се неуспешни, Европската комисија преку својата портпаролка, Маја Коцијанчич за „Мета“ изјави:
– Нашиот став е прилично јасен: итно ги повикуваме партиите да пронајдат компромис во интерес на земјата и на граѓаните. Договорот од 2 јуни ја нуди потребната основа, а останува уште едно крупно прашање да се договори. Нема време за губење – рече Коцијанчич.
Заев денеска уште еднаш го потврди она што веќе и е познато на целата јавност- дека бега од избори.
Поради стравот од избори и соочување со народот, тој на секој можен начин бара спас од изборите, после кои ќе треба да ја напушти политиката поразен.
Дополнителен страв кај Заев денеска предизвика и објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт, според која ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ЕК бара од осум членки на ЕУ да преземат мерки против перењето пари
-
ЕУ бара Грција да врати 55 милиони евра од помошта за „Хеленик дифенс системс“
-
ЕК ја чека одлуката на Пуџдемон за да се изјасни за Каталонија
-
Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер со шокантно признание: Прашокот за перење и „нутелата“ не се исти…



