| четврток, 6 декември 2018 |

Коњаниците од понеделник ќе се подготвуваат за Илинденскиот марш

кон

Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат во 37-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден официјално ќе ги почнат своите интензивни тренинзи од понеделник, 13.7.2015 година, покрај кејот на реката Вардар.

„Илинденскиот марш 2015″ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978″, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, односно од 15 до 60 години, ќе стартува на 27-ми јули од паркот „Јане Сандански” во Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.

Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top