Премиерот Никола Груевски денеска оцени дека динамиката на градба на спортските училишни сали се одвива добро и оти досега се изградени и пуштени во употреба 78 сали.
– Спортските училишни сали се градат според утврдената динамика. Досега 78 сали се завршени и пуштени во употреба, 13 се во градба од кои шест ќе бидат готови во наредните четири до пет месеци, а се подготвуваме за почеток на градба на уште 10тина до 12 нови спортски сали. За нив се подготвува потребната документација и наскоро се надеваме дека и тие да почнат да се градат. Динамиката се движи добро и преку Министерството за образование и преку Агенцијата за спорт и млади, изјави Груевски по помоцијата на нови книги од проектот „Превод на дела од македонската книжевност на шест странски јазици“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



