Тапанџијата кој најавувал дека започнува времето за ифтар бил прободен со нож од едно лице, кој притоа му го фрлил тапанот во реката Црн Дрим во Струга.
Во кусото соопштение се наведува дека во вторникот околу 20,40 часот во Медицинскиот центар Струга, на одделот за хирургија, бил донесен Д.Л.(1936) од Струга, со повреди во пределот на левата страна на вратот (посекотини) нанесени од остар предмет.
Од преземените мерки постојат сомневање дека сторител е Р.Ф.(50) од селото Долна Белица струшко.
Истиот бил приведен во полициската станица во Струга и по целосно расистување на случајот ќе му биде поднесена содветна пријава.
Од СВР Охрид изјавија дека засега не се познати причините и мотивите, како и дека на инцидентот не му претходела вербална расправија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


