Се реновираат Центрите за социјална работа во Прилеп и Битола. Објектот во кој е сместен Центарот за социјални работи во Битола е стар повеќе од 30 години и е започната негова целосна реконтрукција и реновирање.
– Градежните активности се во интензивна фаза. Досега ја завршивме првата фаза, односно целосно реновиравме и пуштивме во употреба четири Центри за социјална работа. Овој Центар за социјална работа во Битола е дел од втората фаза, која што ги опфаќа Центрите за социјална работа во Крушево и во Демир Хисар коишто се целосно завршени и со реновирање и со комплетно опремени со нова опрема и во фаза на реализација и реконструкција се Центрите за социјална работа се овде во Битола, во Прилеп, Охрид и набрзо ќе почнат градежните активности и во Гевгелија и во Штип – изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Се очекува втората фаза од проектот да заврши во септември-октомври оваа година.
– Набрзо во постапка на потпишување на избор на изведувач за третата фаза од проектот за реновирање на Центрите за социјална работа со кој што ќе се опфатат дури 30 објекти, односно 18 центри за социјална работа и 12 дневни центри за деца со пречки во развојот со што практично 95 отсто од обектите под Центрите за социјална работа ќе ги опфатиме и целосно ќе ги реновираме – додаде Спасов.
За овој центар за социјални работи обезбедени се околу 9.000.000 денари преку Светската банка за целосно негово реновирање, менување на прозорците, нов под, нови санитарни јазли, опрема, мебел и фасада која што ќе биде енергетски ефикасна.
Градежните активности за прилепскиот Центар за социјална работа чинат околу 8.000.000 денари и истите се обезбедени од Светската банка. Овој објект ќе биде опремен целосно со нова опрема, мебел, санитарни јазли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Дебело досие и дебели лаги: Криминалецот Динарица во одбрана на Спасовски