| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Сити се откажа од ангажирањето на Пол Погба

Богатите сопственици на Манчестер Сити одлучија дека се повлекуваат од обидите за ангажман на францускиот интернационалец од редовите на Јувентус, Пол Погба.
По укинувањето на казните за прекршување на финансискиот ферплеј, медиумите во Англија најавуваа дека Манчестер Сити ќе тргне во комплетна офанзива за ангажирање на врвни имиња и трошење на голема сума на пари.
Сепак „граѓаните“ одлучија дека се повлекуваат од идејата и немаат намера да се наддаваат со Барселона за Погба и кревање на неговата цена.
Тврдоглавиот став на италијанскиот првак, кој инсистираше на отштета од 72 милиони фунти, е причината поради која Манчестер сити нема намера да дискутира повеќе на оваа тема, па сега „граѓаните“ го насочија вниманието кон останатите трансферни цели.
Рахим Стрелинг се очекува во најкраток можен период да се пресели во Манчестер Сити бидејќи „сините“ одлучиле да ја платат откупната клаузула на која инсистира Луверпул, а таа изнесува 50 милиони фунти. Во тек се и разговорите со Волфсбург за ангажманот на Кевин де Брујн, за кого германскиот прволигаш бара 40 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top