| четврток, 6 декември 2018 |

Германскиот Црвен крст подготвен за хуманитарна помош на Грција

Германскиот Црвен крст е подготвен да даде итна хуманитарна помош на Грција, која се наоѓа на работ на финансиска криза и веќе се соочува со тешкотии во здравствените услуги, изјави портпаролот на организацијата Дитер Шуц.

germ

– Подготвени сме за секој случај, изрази уверување Шуц пред весникот „Лајпцигер фолксцајтиунг“, додавајќи дека пензионерите, сиромашните, болните и бегалците најмногу страдаат од кризата во Грција.

Според Шуц германскиот Црвен крст е во состојба да помогне на Грците брзо и целосно.

Директорот на грчката канцеларија на организацијата СОС Детско село соопшти дека бројот на семејствата кои бараат помош од организацијата е зголемен за 50 пати, во споредба со пред почетокот на кризата.

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Зигмар Габриел во понеделникот изјави дека европските лидери несомнено ќе разговараат за укажување на хуманитарна помош на Грција, чии банки се затворени од 28 јуни, а економијата е речиси во целосен застој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top