Честопати ја опишуваат како студена и аналитична личност. Ова второто донекаде има врска со нејзината професија. Таа е доктор по физика, а докторската дисертација се однесувала на квантната хемија
Донесуваме 7 интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за германската канцеларка.
1. Непосредна
По само неколку часа во Бризбен канцеларката отишла во локалниот паб на едно пиво со своето обезбедување. Нејзиното неочекувано присуство го воодушеви локалното население.
-Беше љубезна. Кога ја прашавме дали може да направиме едно селфи Меркел им се обрати на обезбедувањето, а тие и рекоа дека се е в ред, така што се фотографиравме со неа, изјави една девојка за радиото „АБЦ“.
2. Мајка
Германската јавност и го додели прекарот „мајка“. Таа не е некој кој сака по секоја цена да биде во јавноста, а приватниот живот љубоморно го чува. Живее во својот стан, а не во некоја раскошна резиденција. На вратата од станот стои името на нејзиниот соруг. Ангела сака сама да оди и на пазар.
3. Научник
Често ја опишуваат како студена и аналитички настроена. Ова второто донекаде има врска со нејзината професија. Таа е доктор по физика, а докторкста дистертација и се однесувала на квантната хемија.
4. Сака да готви
Ангела Меркел секогаш се фали дека знае добро да готви. И навистина многумина кои имале прилика да пробаат, многу ја фалат нејзината супа од компири, специјалитетот од говедско и колач со сливи. Додека беше близок соработник на премиерот Хелмут Кол сеуште имаше време да го прави то познат рецепт. Сега, кога стана канцеларка, се помалку има време за нешто такво.
5. Се плаши од кучиња
Ангела се плаши од кучиња откако едно ја каснало во средината на деведесеттите. Кога прв пат го посетила Кремљ, Владимир Путин и подарил играчка сомотско куче. Но, не застана на тоа. Кога повторно се сретнаа во неговата летна резиденција Путин дозволи на состанокот да присуствува и неговата лабрадорка Кони. Сликите од Меркел и Путин со лабрадорката го обилокија светот.
6. Течно зборува руски
Спротивно на милионите други кои сакаат да одат во Западна Германија, таткото на Ангела Меркел семејството го одвел во Источна Германија. Така што воопшто не е чудно што Ангела течно зборува руски и тоа секако и помага полесно да се разбере со Владимир Путин.
7. Обожува да имитира
Меркел, како што тврдат, приватно е мошне духовита, а особено ги сака имитациите. Германската канцеларка особено сака да ги имитира Хелмут Кол, Путин, кралот Абдулах, папата Бенедикт XVI и Ал Гор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.