| четврток, 6 декември 2018 |

Струја удрила во базен полн со деца

Вкупно 29 луѓе од кои 26 се повредени и пренесени во болница кога синоќа во кампот Јордан крај Литомњежица на северот на Чешка одненадеж удрила стрија во базенот полн со деца и капачи.

– Повредите не се сериозни, немаше онесвестени, пациентите имаа само реакции од стријниот удар. Сигурно немаше фибрилација на срцето или нешто слично. Кај осум деца се работеше за субјективни тешкотии, чувствуваа дека им трнат рачињата, рече за денешниот број на „Право“ портпаролот на Итната помош на Северна Чешка, Петр Буреш.

Според првите сознанија, водата некако продрела до електричните водови, а полицијата отвори истрага дали се работи за дефект, соопшти за медиумите портпаролот на локалната полиција Шарка Полачкова.

Во последниве денови Чешка ја зафати бран тропски горештини и температура од преку 37 степени целзиусови и Чесите масовно спас бараа на плажите и капалиштата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top